Пон – Пет: 9:00 – 17:00 Саб: 9:00 – 14:00
075222406 / 070712121 / 044800335

Објект во Карпош 4

Станбен објект во Карпош 4 на ул. Никола Парапунов бр. 11.

Објектот располага со 84 станбени единици.

* За повеќе информации кликнете врз одреден кат.

Еднокомпонентен, хидроизолациски премаз за хоризонтална и вертикална заштита на површините од влага. Се користи за хидроизолација на потенцијално влажни простории: кујни, бањи, туш кабини, базени, подрумски површини, тераси итн. Наменет е за внатрешна и надворешна употреба и не е предвиден за завршна обработка на површините, ниту пак за системи кои се во перманентен контакт со вода.

MP75 е фабрички подготвен гипсен малтер со специјални лесни додатоци за сите видови подлоги. Лесен е за обработка и е особено издашен. Малтерот машински се шприца под притисок и на тој начин се постигнува одлична врска со подлогата.

Функцијата на самата фасада е термална и звучна изолација, иако некогаш се запазува естетската функција на штета на практичната. Фасадата на зградата мора да ги издржи сите временски услови, високи и ниски температури, дождови, снегови, силни ветришта.

Демит фасадата е систем кој се поставува директно на надворешниот ѕид на зградата.

Процесот на вградување на демит фасадата се постигнува преку експандиран полистерен, армирана мрежа, фасадни лепила и анкери. На крајот се нанесува слој од декоративен текстуриран малтер (абриб) кој се состои од силикатен материјал. Термичката фасада може да се постави на сите површини.

Marazzi е најпознатиот бренд во индустријата за вештачки гранитни и керамички плочки. Преку присуството во повеќе од 140 земји е глобално признаен како синоним за квалитетни керамички плочки со врвен дизајн. Го симболизира најдоброто од италијанскиот стил и производство по најсовремени методи.

Преку широкиот асортиман од преку 180 колекции и над 6000 модели на плочки ги прави комбинациите безбројни и ги задоволува најпрефинетите вкусови.

Со изработени илјадници проекти на глобално ниво докажува дека е сигурен партнер со долга историја и традиција и ги задоволува и најколмплексните барања од страна на клиентите.

Најдобар сооднос на цена,квалитет и дизајн во индустријата.

Marazzi како глобален лидер за производство и дизајн на керамички плочки не само што ги следи глобалните трендови него истите и ги создава.

Градбата на објектот ќе биде со термо блокови кои сами по себе обезбедуваат термичка и звучна изолација. Во и меѓу становите во напиот објект нема да има ѕидови од гипс картон (сите ѕидови се од цигла).

Таркет – трослоен паркет

Премиум врати за вашиот дом.

Конструкција:

  • Дрво, медијапан
  • Пластифициана сјајна фолија (отпорна на влага)
  • 50м оддалеченост од кеј на Вардар.
  • 75м оддалеченост од детско и спортско игралиште.
  • 30м оддалеченост од супер маркет.
  • 450м оддалеченост од основно училиште.
  • 20м оддалеченост од аптека.
  • 650м оддалеченост од бензинска станица (24/7).